
Поради несоодветното однесување на своите навивачи на последниот лигашки натпревар од минатата сезона, Ајнтрахт од Франкфурт беше казнет со дури 341.500 евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова го објави Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) по нередите на навивачите на клубот од Франкфурт за време на натпреварот против Штутгарт на 16 мај.
При таа прилика, навивачите од Франкфурт пред почетокот на натпреварот запалија најмалку 25 чадни бомби, 50 факли и испукаа 20 ракети. Во текот на сите инциденти беа повредени две лица, а почетокот на натпреварот доцнеше. За време на натпреварот, навивачите на домашниот клуб запалија уште 26 пиротехнички средства и испукаа нов арсенал ракети.