
Англискиот гигант Ливерпул сака дополнително да го засили својот напад пред почетокот на новата сезона. Иако е веќе речиси постигната зделката со Бредли Баркола од ПСЖ, Ливерпул има нова цел – младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот од Анфилд ќе преземе конкретни чекори во следните денови за да го донесе бразилскиот напаѓач. Понудата ќе изнесува 65 милиони евра, сума која Kралевите би требало да ја прифатат.
Во Ливерпул, Ендрик го гледаат како идеално засилување за нивниот тим. Има способност да игра на неколку напаѓачки позиции и располага со огромни квалитети. Убедени се дека на Анфилд тој би можел да демонстрира голем дел од својот потенцијал.
Сепак, засега Бразилецот не планира да го напушти Мадрид. Иако кај Жозе Мурињо нема да биде во преден план, подготвен е да ја чека својата шанса и да се бори за повеќе минути на теренот.
Од друга страна, Ливерпул му нуди многу поголема минутажа. Околу него би можеле да градат за иднината и останува да видиме кој ќе биде изборот на Ендрик кога ќе ја слушне понудата на англискиот великан.
Ендрик поради малата минутажа минатата сезона ја помина на позајмица во Лион. Таму играше одлично, што го натера Реал да го врати во своите редови. Меѓутоа, дополнително засилениот напад на кралскиот клуб веројатно тешко ќе му обезбеди повеќе простор.
20-годишниот напаѓач пристигна во Реал летото 2024 година. Палмеирас за неговите услуги доби скоро 50 милиони евра.
Не доби голема шанса ниту кај Карло Анчелоти, ниту кај Хаби Алонсо. Настапи на 40 натпревари и постигна седум гола.
Пред Реал Мадрид сега претстои важна одлука, која не се однесува само на потенцијалната компензација, туку и на долгорочниот план со еден од најперспективните бразилски напаѓачи на неговата генерација.