Дома Фудбал Ужас на стадионот на англискиот клуб: Пронајдено безживотно тело на маж, полицијата започна истрага

Ужас на стадионот на англискиот клуб: Пронајдено безживотно тело на маж, полицијата започна истрага

Фудбал — архивска фотографија

Трагични вести пристигнуваат од Англија. На стадионот „Д Валeј“, домот на фудбалерите на Чарлтон Атлетик, е пронајдено безживотно тело на маж, по што е започната полициска истрага.

Од Чарлтон се огласија по повод настанот и потврдија дека полицијата е повикана на стадионот по инцидентот кој се случил во раните утрински часови во понеделник.

Клубот во официјалното соопштение наведе дека истрагата сѐ уште трае и ги повика сите потенцијални сведоци да се обратат во полиција.

„Полицијата денес е повикана на стадионот по инцидентот кој се случи во раните утрински часови во понеделник. За жал, мажот на местото беше прогласен за мртов. Случајот е сѐ уште под истрага. Молат сите кои имаат информации или можеби биле сведоци на настанот да контактираат со полицијата”, соопшти Чарлтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…