
Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентативец потпиша договор до летото 2031 год. и се очекува да го замени Дензел Думфрис на десната страна во тимот по неговото заминување во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали на трансферот, но според информации од AS, Тотенхем ќе добие 31 милион евра фиксен надоместок, со можност за дополнителни четири милиони преку бонуси. Така, вкупната вредност на договорот може да достигне 35 милиони евра, а Тотенхем задржа право на десет проценти од износот при евентуална иднина продажба. Спенс склучи петгодишен договор со Интер.
Спенс пристигнува во Милано по успешната сезона и одличното Светско првенство. Тој беше клучен дел од англиската репрезентација која го освои третото место на Мундијалот, особено забележлив по својата брзина и способноста да игра на двете страни во одбраната.
За Спенс, ова не е прво искуство во италијанскиот фудбал. Во втората половина од сезоната 2023/24 беше на позајмица во Џенова, каде што настапи на 16 натпревари во Серија А. Пред престојот во Тотенхем, ги помина младинските категории на Фулам, играше за Мидлсбро и се истакна на позајмица во Нотингем Форест, каде помогна клубот да се врати во Премиер лигата.
Тотенхем го ангажираше во 2022 година, но првите две сезони не успеа да се избори за постојано место, поради што заминуваше на позајмици во Рен, Лидс и Џенова. Неговиот статус значително се промени од сезоната 2024/25, кога стана многу поважен дел од тимот. Тој беше и дел од тимот на Тотенхем кој ја освои Лига Европа по победата против Манчестер Јунајтед во финалето.