Дома Фудбал Дејан Илиев по шест месеци си замина од Рапид – причина биле долгови!

Дејан Илиев по шест месеци си замина од Рапид – причина биле долгови!

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев повеќе не е член на Рапид Букурешт, откако двете страни се разделија по само шест месеци соработка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Илиев во романскиот клуб пристигна во јануари и веднаш ја доби довербата меѓу стативите, бранејќи на 16 натпревари. Сепак, по истекот на полусезоната дојде до прекин на соработката, па македонскиот чувар на мрежата сега ќе мора да бара нова средина.

Во досегашната кариера Илиев настапуваше и за Ута Арад, Сараево, Хелсинки, Тренчин, Серед и Јагелонија. Пред да започне со сениорскиот фудбал, подолг период беше дел од младинскиот погон на Арсенал.

Во меѓувреме, романските медиуми излегоа со информации дека причината за разделбата може да се поврзува со финансиски проблеми. Според нивните наводи, Рапид му должи на Илиев околу 150.000 евра по основ на неисплатени плати.

Засега останува неизвесно каде Илиев ќе ја продолжи кариерата, но по заминувањето од Рапид Букурешт, македонскиот голман е слободен во изборот на нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Новица и Богдан купиле автомобил и поминаа 5.800 километри во 24 дена за го гледаат Партизан (Фото)

Поради долгиот пат до Казахастан експедицијата на Партизан реши да тргне два дена порано з…