Дома Фудбал Челси му даде рок на Сити: Фернандез можете да го купите денеска до 18:00 часот!

Челси му даде рок на Сити: Фернандез можете да го купите денеска до 18:00 часот!

Пред нас се клучни и крајно напнати моменти околу иднината на аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најновите информации од Фабрицио Романо, управата на Челзи постави јасни граници и ултиматум: продажбата на играчот нема да биде можно откако ќе истече рокот денес во 17 часот по локално, односно 18 часот по средноевропско време.

Извори блиски до играчот потврдуваат дека “Граѓаните” се во постојан контакт со тимот на Енцо Фернандез веќе неколку дена, а последните 24 часа разговорите се засилија.

Раководството на Челзи тврди дека бара огромна сума од 120 милиони фунти, односно 140 милиони евра.

Челси нема намера да попушти, свесни дека вложија значајна сума (околу 121 милион евра) кога го донесоа од лисабонската Бенфика на почетокот на 2023 година.

Часовите минуваат, а притисокот се зголемува. Дали моќниот Манчестер Сити ќе ја отвори својата каса и ќе го реализира овој мегатрансфер до 18 часот, или Енцо ќе продолжи да ја води играта на Стемфорд Бриџ? Едно е сигурно – љубителите на англискиот фудбал ги чека драма попладнево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички претстави десет фудбалери во еден ден!

Утре стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а Работнички е меѓу тимо…