
Хрватскиот стратег Златко Далиќ им беше претставен на медиумите откако стана новиот селектор на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати.
Далиќ, по девет успешни години на кормилото на хрватската репрезентација, вчера ја презеде селекцијата од Азија, со кого има амбиции да постигне значајни успеси и да се квалификува на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој вчера потпиша долгогодишен договор и се очекува да биде најдобро платениот хрватски тренер во историјата (5 милиони евра годишно). Заедно со него пристигнаа и Игор Бишќан, кој ќе биде селектор на младата репрезентација, и Бранко Иванковиќ, кој ќе има функција на директор на тамошниот сојуз.
На претставувањето, Далиќ истакна дека не дошол поради парите и дека ОАЕ го смета за свој втор дом.
“Среќен сум што сум тука во ОАЕ, мојот втор дом. Се надевам дека ќе оствариме големи успеси, овој пат со репрезентацијата. Ви благодарам за довербата, ова е чест. Не сум тука поради парите, тоа ми е најмалку важно, приоритет ми е добро да се чувствувам. Не сум овде за да уживам на плажите, туку да работам макотрпно,” изјави Далиќ.