Дома Моторспорт Директор на ФИА за драмата во Формула 1: Не можеме да одиме толку далеку!

Директор на ФИА за драмата во Формула 1: Не можеме да одиме толку далеку!

Според зборовите на директорот на ФИА, Николас Томбазис, забраната на системите за автоматско учење во погонските единици не би ги решила проблемите што ги придружуваат новите правила за 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напротив, тој смета дека тоа би довело до уште поизразен „клипинг“, додека сложеноста на современите погонски единици е толкава што е практично невозможно возачот сам да одреди идеална стратегија за управување со енергијата.

Клипинг (и супер клипинг) во Формула 1 означува момент кога хибридниот систем на болидот останува без електрична енергија во батеријата на директна патека или намерно се префрла во режим на полнење додека возачот се уште е “до даска” на педалата за гас, што доведува до изненадно и видливо опаѓање на моќноста и брзината.

Иако Формула 1, повикувајќи се на резултатите од нивната програма Формула 1 Fan Voice, тврди дека навивачите се задоволни од квалитетот на трките, возачите досега беа значително покритични кон правилата што ќе стапат на сила во 2026 година.

Една од главните теми беше отворена за време на тркачкиот викенд во Спа-Франкоршам, каде што Оскар Пјастри укажа на проблемот дека понекогаш возачите можат да бидат изненадени од сопствената погонска единица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Казнети се Хамилтон и Антонели пред трката во Унгарија

Возачот на Ферари Луис Хамилтон е казнет со поместување за три позиции и ќе стартува како …