Со куфер полн оптимизам Ренато Санчез пристигна во Минхен во дресот на големиот Баерн.
Имаше само 19 години, платен беше 35 милиони евра, а беше договорен пред почетокот на Европското првенство на кое со својата Португалија стигна до титулата шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчез имаше големо влијание во тимот на Фернандо Сантос, во тие моменти изгледаше дека Баерн доби големо засилување и талентиран фудбалер, но потоа следуваше пад кој изгледа како да нема крај.
Во премиерната сезона во Баерн, Санчез одигра 25 натпревари, но 903 минути од можни 2.250. Потоа минатата сезона, Карло Анчелоти одлучи да го испрати на позајмица, но кај проверен човек, неговиот пријател Пол Клемент кој е тренер на Свонси. Тоа изгледаше како добар потег, се очекуваше во мал клуб Ренато да игра стандардно и да собере искуство, но лошата форма на Санчез продолжуваше.
Без желба, деконцентриран, а неговото глупирање започна да му пречи и на тренерот Клемент кој во вчерашниот натпревар го замени на полувремето и го критикуваше после натпреварот против Челзи. А како и не би, кога во контра наместо на соиграчот топката ја додаде до реклмата покрај теренот?!
"Fu*king hell Renato!" Paul Clement wasn't too happy with Renato Sanches picking out the red Carabao sign… Needless to say he was subbed at HT #CHESWA pic.twitter.com/Gn9nTDm0AA
— That Stat Football (@That_Stat_) November 29, 2017
„Не се работеше за повреда. Го заменив затоа што играше ужасно. Жал ми е бидејќи е голем талент, но мислам дека на ниту еден натпревар оваа сезона не го покажа својот талент и квалитет. Тој е фудбалер кој се мачи со самодовербата и формата. Мора да започне од нула, да почне со основни работи, за све да постави на исправен начен. Ренато не може да додаде едноставен пас, ужасен е, самодовербата му е на нула“, заклучи Клемент.