Дома Фудбал Кој е подобар за оваа сезона, Барса или Реал? Пике откри на кого му дава предност!

Кој е подобар за оваа сезона, Барса или Реал? Пике откри на кого му дава предност!

Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике, повторно ги разгоре дебатите со нова споредба со најголемиот ривал Реал Мадрид, во времето кога двата клуба минуваат низ промени пред стартот на сезоната 2026/27.

Пике е уверен дека Барселона останува во предност во однос на Реал, и покрај засилувањата кои Лос Бланкоси ги направија ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Сметам дека и денес Барселона сè уште има предност”, изјави тој и додаде:

“Уверен сум дека последните две шампионски титули носат статус и самодоверба кои те прават фаворит за новата сезона. Но, потоа тоа мораш да го потврдиш и на теренот”.

Тој ја потенцира една од најголемите предности на Барселона – тренерот Ханси Флик.

“Тоа што Флик влегува во својата трета сезона како тренер ја претставува една од најсилните страни на Барселона. Тимот и играчите целосно се прилагодија на неговиот проект. Продолжувањето на работата на Флик, заедно со комплетното разбирање на неговата филозофија и стилот на игра од страна на играчите, и даваат на Барселона предност на самиот почеток на сезоната”, беше јасен Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го избра најдобриот гол на Светското првенство (Видео)

ФИФА официјално го прогласи ударот на Сидни Лопес Кабрал од Зеленортските Острови за најуб…