Дома Фудбал Манчестер Сити јсака ѕвезда на Барселона по секоја цена, нудат и играч во замена!

Манчестер Сити јсака ѕвезда на Барселона по секоја цена, нудат и играч во замена!

Манчестер Сити би можел да биде еден од главните играчи на крајот од летниот трансфер период, а причината е големиот интерес за младиот стопер на Барселона, Пау Кубарси.

Според информациите од “El Nacional”, англискиот клуб е подготвен да направи невообичаен потег за да ги зголеми шансите за реализација на трансферот.

Се спомнува дека Манчестер Сити ја разгледува можноста да го вклучи и египетскиот репрезентативец Омар Мармуш како дел од размената за талентираниот дефанзивец на Барселона.

Таков предлог покажува колку Манчестер Сити ги цени квалитетите на Кубарси и колку сериозно размислуваат за негово доведување на Етихад.

Младиот стопер во последните сезони се истакна како еден од најперспективните одбранбени играчи во Европа, а со своите игри привлече внимание од бројни големи клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…