Дома Фудбал Oфицијално: Барселона доби нов голгетер

Oфицијално: Барселона доби нов голгетер

Она што се шпекулираше деновиве, конечно е потврдено денес. Германскиот фудбалер Карим Адејеми го потпиша договорот со Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот доаѓа во редовите на каталонскиот клуб од Борусија Дортмунд, која од трансферот ќе заработи вкупно 29 милиони евра, како и процент од следната продажба.

Адејеми ќе го засили веќе моќниот напад на Барселона. Може да игра на сите позиции во нападот, но најчесто игра како крилен напаѓач.

Со каталонскиот гигант, играчот потпиша петгодишен договор, а беше претставен на навистина впечатлив начин.

Овој 24-годишен играч минатите четири години ги мина во Дортмунд, каде во 146 натпревари постигна 36 голови и забележа 25 асистенции.

Пред тоа настапуваше за Салцбург и Лиферинг и беше дел од екипата на Унтерхахинг, каде го помина младинскиот развој.

За репрезентацијата на Германија има одиграно 11 натпревари и постигна еден гол. Не беше дел од Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Егзодус од Серија А: На „листата за отстрел“ има стотина фудбалери

  Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026! Еден месец пред почетокот на новата сезона и…