Манчестер Јунајтед во 14 коло од Премиер лигата потешко од очекуваното славеше над Вотфорд со резултат 2:4.
Јунајтед после првото полувреме обезбеди предност од 3:0 благодарение на головите на Јанг и Марсијал, никој во тие моменти не очекуваше дека Вотофорд може да се врати во игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, во вториот дел, Рохо го срушу Переира во казнетиот простор, Динеј од пенал го постигна првиот гол за Вотфорд. На пет минути пред крајот Докур целосно ги врати домаќините од ситуацијата во која на крајот на првиот дел изгледаше безизлезно.
Во тие моменти никој повеќе не размислуваше за прегазување на Вотфорд туку повторување на подвигот на Севиља во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Мурињо во тој момент се одлучи да го пушти во игра опоравениот Златан Ибрахимовиќ, а утрово англиските медиуми открија каква задача му дал на Швеѓанецот.
Ибрахимовиќ верувале или не влегол со задача да го чува голманот на Вотфорд, Гомеш! Сепак, голот на Лингард неколку моменти подоцна им ги промени плановите, па Ибра беше ослободен од играњето „фластер“ на Гомеш.
Fascinating tactical insight and attention to detail from Jose Mourinho just now, @DuncanCastles . He said he sent on Zlatan just to mark Heurelho Gomes at a corner if Watford, at 3-2, got one. #watfordfc #WATMUN #MUFC
— Kevin Affleck (@KevinAffleck) November 28, 2017