Дома Останати Кошарка Јокиќ уште не сака да потпише со Денвер – има 724 милиони причини!

Јокиќ уште не сака да потпише со Денвер – има 724 милиони причини!

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќе почека уште малку на потпишување на новиот договор. Нема место за никакви шпекулации за потенцијално заминување, туку се работи за чист бизнис, како што самиот рече по победата на Србија против Босна во „Пионир“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мојата идеја и желба е да останам во Денвер. Веројатно ќе потпишам следната сезона, причината е чисто заради бизнисот. Би сакал до крајот на животот да останам во Денвер, но тоа зависи од нив,“ рече Никола Јокиќ откако постигна трипл-дабл учинок во дресот на Србија.

Никола Јокиќ ќе чека до следната година да потпише продолжување на договорот, што би му овозможило да постигне историски договор со Нагетс. Како што пренесува ЕСПН, Јокиќ ќе има право во лето 2027 година да потпише петгодишен договор вреден 359,5 милиони долари како слободен агент.

Тој договор би бил најголем во историјата на НБА и би ја зголемил неговата заработка на неверојатни 724 милиони долари. Јокиќ веќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот вредно околу 280 милиони долари, но чекањето до следната пауза меѓу сезоните ќе му донесе значително подобри услови, што и ќе го искористи. Неговата лојалност не се доведува во прашање, но ова е шанса што не смее да ја пропушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис официјално во Мајами: Еден од најголемите трејдови во историјата!

Двојниот МВП на НБА лигата Јанис Адетокумбо е нов кошаркар на Мајами Хит, откако клубот од…