
Фудбалската репрезентација на Португалија вчера доживеа пораз од Шпанија со 0:1 во осминафиналето и го заврши настапот на Светското првенство.
За најголемата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо (41), ова беше последниот натпревар на Мундијалите, а многу е веројатно дека ќе се збогува од репрезентативниот дрес на Португалија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој Мундијал за Роналдо нема да остане во убави сеќавање, со оглед на тоа дека успеа да постигне само два гола против Узбекистан и еден против Хрватска, што го остави далеку зад најдобрите стрелци на турнирот.
Во моментот кога Лео Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд доминираат со по седум постигнати гола, Роналдо се враќа дома без значајни постигнувања.
Меси – 7 гола
— Ryanair (@Ryanair) 6 јули, 2026
Мбапе – 7 гола
Халанд – 7 гола
КР – 7
Овој факт беше искористен од авиокомпанијата „Рајнар“, која е позната по своите хумористични и честопати саркастични објави на социјалните мрежи.
„Рајнар“ објави провокативен статус со кој на суров начин го исмејаа Роналдо по испаѓањето, сугерирајќи му дека е време за заминување, предизвикувајќи лавина коментари насекаде низ светот.