Дома Фудбал Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенство е неговиот последен настап на најголемата фудбалска сцена.

На прес-конференција, искусниот напаѓач беше запрашан дали размислува да настапи и на следниот Мундијал, а неговиот одговор беше јасен.

„Навистина уживам на ова Светско првенство, но ова е мојот последен Мундијал. Одлуката е конечна“, изјави Роналдо.

Со оваа изјава, легендарниот Португалец стави крај на сите шпекулации околу неговото учество на идните светски шампионати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда на ПСЖ влегува во историјата на фудбалот, ова не е видено точно две децении

Хвича Кварацхелија се најде на листата од 30 кандидати за престижната Златна топка, а него…