Дома Фудбал Тотенхем завршува совршено лето, уште еден Бразилец за разорниот тим на Де Зерби!

Тотенхем завршува совршено лето, уште еден Бразилец за разорниот тим на Де Зерби!

Никој не е толку активен на почетокот од летото како – Тотенхем, бидејќи следната реална мета и голема желба е – Савињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од минатото лето Тотенхем се обидува да го убеди Бразилецот да го напушти “Етихад” и да премине на “Вајт Харт Лејн”, но не успеа ниту тогаш, ниту зимоска. Сега, ситуацијата веројатно е поинаква, со доаѓањето на Енко Мареска, кој има свои замисли, а исто така и гужва на крилни позиции, па Савињо би можел да биде продаден.

Се шпекулира веќе неколку месеци дека Тотенхем може да плати над 80.000.000 евра за неговиот трансфер, со што би ја надминале сумата од 300.000.000.

Тотенхем е многу активен бидејќи двапати го постави сопствениот рекорд со трансферите на Матеус Фернандеш од 98.000.000 евра и потоа Сандро Тонали, чии трансфери ќе надминат 100.000.000.

Пред тоа, од Брајтон за 60.000.000 пристигна Јан Пол ван Хеке, додека без обештетување стигнаа Маркос Сенеси и Енди Робертсон.

Ако Роберто Де Зерби го добие и Савињо, навистина неговиот тим ќе изгледа страшно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген замина, но сè уште е голем проблем за Барса

Марко Андре Тер Штеген замина на нова позајмица, откако неуспешната во Жирона, сега замина…