Дома Фудбал ФИФА заборави на едно правило кое јасно покажува дека Хрватска била оштетена

ФИФА заборави на едно правило кое јасно покажува дека Хрватска била оштетена

Испаѓањето на Хрватска од Светското првенство по натпреварот против Португалија е главна тема во регионот денес, а бурата околу поништувањето на голот на Ватрените во последните минути не се смирува.

Голот на Гвардиол во 103-та минута, односно 13-та минута додадено време, беше откажан откако судиите одлучија дека Игор Матовиќ ја допрел топката по центар-шутот, што доведе до спречување на голот поради офсајд позиција на Марио Пашалиќ, додавачот на голот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сомнителен е контактот на Матовиќ со топката, бидејќи е тешко да се забележи со голо око, но самиот Матовиќ потврди дека почувствувал допир на топката со косата.

ФИФА потоа гордо ја истакна својата технологија на овој Мундијал и чиповите во топката кои го регистрирале контактот, но е интересно да се напомене дека ФИФА го премолчи едно свое правило кое докажува дека Хрватска е сепак оштетена.

Имено, правилото на светската фудбалска организација вели дека косата се смета за дел од телото на играчот само ако влијае на движењето и патеката на топката.

„Косата се смета за дел од телото само ако влијае на движењето или патеката на топката, а тоа е можна само во случаи на значаен контакт со поголема количина на коса, како пунџа на врвот од главата”, пишува на официјалната страница на ФИФА.

Доколку судиите од синоќешниот натпревар во Торонто се придржувале до ова правило, голот на Хрватска дефинитивно немаше да биде поништен.

Од ВАР собата објаснија дека Матович остварил минимален контакт со топката, кој беше регистриран преку сензор вграден во топката со која се игра ова СП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…