
Часови по драматичниот натпревар помеѓу Хрватска и Португалија во осминафиналето од Светското првенство, реакциите на една од најконтроверзните ситуации досега на турнирот не стивнуваат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поништениот гол на Јошко Гвардиол во 103. минута сè уште е главна тема меѓу навивачите, експертите и поранешните фудбалери, а многу сметаат дека Хрватска останала без можност да избори продолженија.
Најновиот што јавно изрази сомнеж во правилноста на одлуката на ВАР е поранешниот репрезентативец на Англија Мет Апсон.
Да потсетиме, голот на Гвардиол беше поништен откако технологијата покажа дека Игор Матановиќ претходно ја дотре за топка со глава, со што Марио Пашалиќ наводно останал во офсајд позиција пред асистенцијата.
Коменаторот на Би-Би-Си Стив Вилсон смета дека оваа одлука ќе остане запишана како една од најзначајните во историјата на ВАР технологијата.
“Ова е една од најголемите одлуки во историјата на ВАР системот,” порача Вилсон, додавајќи дека технологијата ги продолжи соништата на Кристијано Роналдо, а веројатно го означи крајот на репрезентативната кариера на Лука Модриќ.