Дома Фудбал Потресни сцени по натпревар: На селекторот на ДР Конго му беше соопштена ужасна вест

Потресни сцени по натпревар: На селекторот на ДР Конго му беше соопштена ужасна вест

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго Себастијан Десабр го доживеа исклучително тежок момент по поразот од Англија на Мундијалот, кога за време на конференцијата за медиуми дозна дека му починал таткото.

Додека одговараше на прашањата на новинарите по натпреварот, претставникот на репрезентацијата ја прекина конференцијата и ја соопшти тажната вест.

„Ви благодариме. Сакаме да објавиме дека селекторот го загуби таткото. Му изразуваме искрено сочувство“.

Конференцијата за медиуми веднаш беше прекината, а Десабр делуваше сосема шокирано што веста беше соопштена пред присутните новинари. Пред да ја напушти салата, само тивко кажа: „Благодарам”.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за одбраната: На радарот е Баси, но конкуренцијата е голема

Калвин Баси од Фулам е меѓу дефанзивците што ги следи Манчестер јунајтед. За нигерискиот р…