Дома Фудбал Мбапе престигна легенда на вечната листа, само Меси е пред него!

Мбапе престигна легенда на вечната листа, само Меси е пред него!

Фудбалската репрезентација на Франција се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако во Њу Џерси ја победи Шведска со резултат 3:0 во мечот од шестнаесетфиналето.

Мбапе со блескава игра против Шведска испиша историја на Светските првенства. Со вкупно 18 голови на Мундијалите изби на второто место на вечната листа, веднаш зад Меси, кој го држи рекордот со 19 погодоци во 29 натпревари.

Французинот со овој учинок го престигна легендарниот Мирослав Клозе, кој постигна 16 голови на 26 натпревари на Светските првенства. Така Мбапе стана најефикасниот европски фудбалер во историјата на Мундијалот, а воедно и рекордер по бројот на голови во нокаут фазата на натпреварувањето, каде што сега има дури 10 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …