Дома Фудбал Роналдо блесна, Португалија ,,пукна петарда”! (Видео)

Роналдо блесна, Португалија ,,пукна петарда”! (Видео)

Португалија убедливо одговори на критиките по ремито со ДР Конго и со високи 5-0 го совлада Узбекистан во натпревар во кој блескаше Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалската ѕвезда уште во шестата минута ја доведе својата селекција во водство, најавувајќи доминантно издание на неговиот тим. Само десет минути подоцна следуваше интересна ситуација од слободен удар на околу 18 метри. Наместо самиот да ја преземе одговорноста, Роналдо несебично му ја препушти топката на Мендеш, кој ја искористи шансата и зголеми на 2-0.

До паузата Роналдо уште еднаш се запиша во листата на стрелците, погодувајќи за 3-0 и практично решавајќи го прашањето околу победникот. Португалецот беше блиску и до хет-трик во првите 45 минути, но неговиот ефектен лоб удар беше расчистен од самата гол-линија.

Во продолжението Узбекистан си ги отежна работите со автоголот на Нематов во 60. минута, по што резултатот стана 4-0. Конечниот удар го зададе Рафаел Леао, кој во 87. минута ја затресе мрежата за конечни и убедливи 5-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …