Дома Фудбал Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажирајќи го младинскиот репрезентативец Теодор Николовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот фудбалер во Кавадарци пристигнува од Работнички, кој минатата сезона испадна во Втората лига.

За Николовски, Тиквеш ќе биде трет клуб во домашниот фудбал, откако претходно настапуваше и за Осогово како позајмен играч.

Во изминатата сезона тој забележа 26 настапи во Првата лига во дресот на Работнички, при што имаше три асистенции, а во Купот на Македонија двапати се запиша и во листата на стрелци. За репрезентацијата до 21 година досега има девет настапи.

Покрај Николовски, Тиквеш претходно го доведе и голманот Марко Алчевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дилеми повеќе нема: Познато е кога Родри ќе стане новиот фудбалер на Барселона

Барселона направи уште еден голем чекор во составување на тимот за новата сезона. Каталонс…