Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажирајќи го младинскиот репрезентативец Теодор Николовски. 20-годишниот фудбалер во Кавадарци пристигнува од Работнички, кој минатата сезона испадна во Втората лига. За Николовски, Тиквеш ќе биде трет клуб во домашниот фудбал, откако претходно настапуваше и за Осогово како позајмен играч. Во изминатата сезона тој забележа 26 настапи во Првата лига …