Дома Фудбал Интер договара три големи засилувања и сите ќе бидат на подготовките!

Интер договара три големи засилувања и сите ќе бидат на подготовките!

Фудбалерите на Интер на 16 јули ќе патуваат во Германија на подготвителниот период пред новата сезона, а она што е желба на Кристијан Киув е до тогаш да обезбеди три засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото е веќе јасно, тоа ќе биде Иван Проведел, голман кој настапуваше за Лацио во претходната сезона и ќе биде платен 3.000.000 евра, но со него нема да биде крајот.

Фудбалер кој е голема желба на стручното раководство на Интер е Омар Соле.

Францускиот фудбалер настапува за Удинезе, а станува збор за стопер кој има само уште една година од договорот, поради што Интер е во одлична преговарачка позиција. Токму тој ќе биде оној кој ќе ја гради иднината на одбраната на Интер и подготвеноста на клубот за идните заминувања на Ацерби, Дармијан и Де Фрај.

Наводно Соле, според информациите на „Газета“, чека само зелено светло од клубот и подготвен е за премин во Интер.

Третата желба – Куртис Џонс. Фудбалерот на Ливерпул можеби ќе мора да биде жртвуван и продаден, цената е околу 30 милиони евра, плус проценти од наредната продажба, а клубовите се блиску до реализација. Интер и Џонс веќе ги договориле сите услови, договор до 2031 година, како што наведе италијанскиот новинар Николо Шира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека сите му вртат грб, Инфантино има моќен сојузник кој сака да го спаси!

Џани Инфантино поминува низ еден од најтешките периоди откога е на чело на ФИФА. Како ПАМЕ…