Дома Фудбал „Кристијано Роналдо мора да биде на теренот“: Селекторот на Португалија остро одговори на критиките

„Кристијано Роналдо мора да биде на теренот“: Селекторот на Португалија остро одговори на критиките

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Роберто Мартинес изјави дека немаше потреба да го замени капитенот Кристијано Роналдо на натпреварот против Демократска Република Конго на Светското првенство, пренесе денес „ЕСПН“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1:1 во среда во Хјустон во натпреварот од првото коло од групата K на СП.

Роналдо го одигра целиот натпревар за својот тим, но не успеа да се запише како стрелец.

– На натпревар како што беше овој, каде што се мачевме да влеземе во противничкиот шеснаесетник, Конго играше со петмина фудбалери во одбрана, понекогаш дури и со шестмина. Во такви ситуации, квалитетите на Роналдо прават разлика. Нема смисла да го замените најдобриот стрелец на светскиот фудбал во натпревар каде што ни се потребни голови”, рече Мартинес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…