Дома Фудбал „Роналдо? Ништо посебно, немавме посебен план за да го запреме…“

„Роналдо? Ништо посебно, немавме посебен план за да го запреме…“

Португалската репрезентација одигра само 1-1 против Конго во својот прв натпревар на Мундијалот, а африканските фудбалери не беа особено импресионирани од легендарниот 41-годишен напаѓач.

Барем не и Нгалаел Мукау, играчот од средниот ред на францускиот Лил.

По завршувањето на натпреварот, Мукау беше запрашан дали нивната екипа има посебен план за да го спречи Роналдо.

„Искрено, не баш. Свесни сме дека не е како што беше порано. Сега е малку постар. Сепак, и натаму е еден од најдобрите и многу го почитувам“, тихо истакна Нгалаел Мукау.

Мукау има 21 година, а пред да премине во Лил, настапуваше за белгискиот Мехелен.

Кристијано Роналдо го одигра целиот натпревар под водство на Роберто Мартинез, но не успеа да постигне 123. гол во својата репрезентативна кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Една фотографија на Салах направи хаос во Турција

Мохамед Салах со само една фотографија успеа да привлече огромно внимание кон едно место в…