Дома Ракомет ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја избра нашата земја за домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година.

Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот комитет на ЕХФ, каде што беа разгледани и потврдени домаќинствата на неколку идни младински шампионати.

Континенталниот собир за кадетските репрезентации ќе се одржи во јули и август 2028 година, а Македонија ќе има можност да ги пречека најталентираните млади ракометари од Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Гидсел брои до 65, Вардар има голман во топ 10 во Лигата на шампионите

Матијас Гидсел има 17 гола предност на врвот на листата на стрелци, додека Милош Валах од …