Дома Фудбал Најголемо разочарување на првиот ден од Мундијалот – вакво нешто не се памети досега!

Најголемо разочарување на првиот ден од Мундијалот – вакво нешто не се памети досега!

Првиот ден од Светското првенство 2026 донесе многу возбудувања на теренот, но и една слика што ФИФА сигурно не сакаше да ја види.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако официјално беше објавено дека натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Чешка во Гвадалахара го следеа 44.985 гледачи, големиот број празни седишта на стадионот со капацитет од 46.000 места предизвика бројни реакции меѓу навивачите и медиумите.

Особено интересно е што тоа се случи во град кој важи како еден од најголемите фудбалски центри на Мексико, земја која живее за овој спорт и е еден од домаќините на првенството.

Додека на култната Азтека повеќе од 80.000 гледачи го следеа отворањето на натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, сцените од Гвадалахара отворија прашања за цените на билетите и достапноста на натпреварите за обичните навивачи.

Многу присутни на стадионот сметаат дека токму високите цени на картите се причина зошто трибините не беа исполнети до последното место. Критиките кон ФИФА за политиката на цени се присутни веќе неколку месеци, а празните седишта дополнително ја разгореа дебатата.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, неодамна ги бранеше цените на билетите, истакнувајќи дека тие се во склад со другите големи спортски настани и дека интересот за Мундијалот ги надмина сите очекувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА направи голема промена со картоните за Светското првенство

Иако на воведниот натпревар во четвртокот беа покажани дури три црвени картони, шансите да…