Дома Фудбал „Дејли Мејл“: Натпреварот помеѓу Хрватска и Англија би можел дополнително да ја засрами ФИФА

„Дејли Мејл“: Натпреварот помеѓу Хрватска и Англија би можел дополнително да ја засрами ФИФА

Англија се соочува со непријатност поради полупразни трибини на отворањето на Светското првенство против Хрватска следната среда, бидејќи стотици влезници се уште се во продажба и покрај тврдењата на ФИФА за рекордна побарувачка. Ова би можело дополнително да ја засрами главната фудбалска организација, која веќе се соочи со критики поради високите цени на влезниците, пишува „Дејли Мејл“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За натпреварот помеѓу Англија и Хрватска во Тексас, стотици влезници се уште се достапни на официјални и неофицијални платформи за препродажба. Најниската цена изнесува 867 долари (околу 750 евра), додека за пакет кој вклучува влезница, оброк и пристап до ВИП салон треба да се издвои дури 9225 долари (околу 8000 евра).

ФИФА го бранеше својата ценовна политика и се пофали со „невидени“ 500 милиони барања за резервирање, но сепак беше приморана да ги намали некои цени за да привлече повеќе гледачи во САД, Канада и Мексико.

Во меѓувреме, цените за ВИП гостопримство на страницата на ФИФА се движат од 2430 (околу 2100 евра) до 3150 долари (околу 2700 евра). Пакетот “Champions Club” по цена од 2430 долари вклучува “седишта со привилегиран поглед кои се наоѓаат само неколку чекори од ексклузивните простории за гостопримство кои нудат врвна услуга на пијалаци и целосни оброци пред и по натпреварот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Непријатни вести од Светското: А дали ќе го гледаме Нејмар? Солзи во Бразил!

Фудбалски Бразил би можела да остане без своја најголема надеж додека трае целата групна ф…