
Репрезентацијата на Португалија ќе има една од најквалитетните и најбезбедните бази за тренинг за време на подготовките за Светското првенство во САД, сместена во Палм Бич Гарденс во Флорида.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локацијата ја избраа американските организатори и службите за безбедност како идеална поради комбинацијата на врвни спортски услови и високата приватност.
Според достапните информации, главната причина за ваквиот избор е поврзана со огромната популарност на Кристијано Роналдо низ цела Америка, една од најголемите светски фудбалски ѕвезди.
Поради неговото присуство во репрезентацијата, се очекува значително зголемен интерес од страна на навивачите, медиумите и безбедносните служби.
Американските организатори сакаат да обезбедат максимална контрола на пристапот кон тренинг-кампот за да се избегнат гужви и потенцијални безбедносни ризици.
Базата во Палм Бич Гарденс ќе биде затворена за јавноста, со ограничен пристап. Комплексот нуди врвни терени, модерни соблекувални и дополнителни содржини за опоравок на играчите.