Дома Фудбал Богдановиќ за Роналдо: Срамота е што воопшто учествува на СП

Богдановиќ за Роналдо: Срамота е што воопшто учествува на СП

Почетокот на Светското првенство ги отвори и првите контроверзии, а за една од нив се погрижи поранешниот фудбалер и популарен аналитичар Раде Богдановиќ. Како обичаен гостин во студиото на Радио-телевизијата на Србија, тој повторно го привлече вниманието на јавноста со своите директни коментари, а овојпат критиките беа упатени кон Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостувајќи на програмата на РТС, Богдановиќ оцени дека самото присуство на португалската ѕвезда на Мундијалот е неоправдано. Поранешниот репрезентативец на СР Југославија не внимаваше на зборовите зборувајќи за еден од најдобрите фудбалери во историјата. “Мислам дека за фудбалот е срамота што Роналдо воопшто учествува на Светското првенство. Човекот едвај се движи,” изјави Богдановиќ. Тој смета дека во репрезентацијата е задржан само поради неговиот статус и име.

“Протуркан е од спонзорите и Сојузот поради името и презимето. Не е подготвен, мене би ми било срам”, рече и продолжи со остар тон: “Изгледа како да дошол од ветеранска лига. Момчето треба да знае кога е времето за отстапување, треба да се знае вистинскиот момент за доаѓање и одење.”

Според него, Роналдо зафаќа место на помлади играчи кои претставуваат иднината на португалскиот фудбал. “Со должно почитување за сѐ што постигнал, тој зафаќа место на некое дете од 20 години кое штотуку треба да добие шанса”, смета Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Дејли Мејл“: Натпреварот помеѓу Хрватска и Англија би можел дополнително да ја засрами ФИФА

Англија се соочува со непријатност поради полупразни трибини на отворањето на Светското пр…