
Привремената база на англиската репрезентација во Флорида беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степен, а Орландо, каде што Англичаните во среда играат против Костарика, зградите беа евакуирани. Според локалните извештаи, не е забележана материјална штета, ниту пак има повредени, но снимките на социјалните мрежи покажуваат поместување на мебелот и треперење, пишува Daily Mail.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако епицентарот на земјотресот беше покрај кубанскиот брег, ударните бранови се почувствуваа на стотици километри далеку во Флорида, што несомнено ги наруши подготовките на тимот на селекторот Томас Тухел. Земјотрес со оваа јачина немал погодено во регионот од 1880 година, кога беше забележан земјотрес од 6,0 степени во близина на Сан Кристобал во Куба.
Треперењето се почувствува дури до Талахаси, а Американскиот геолошки завод го прогласи овој земјотрес за втор најсилен што некогаш бил забележан на тоа подрачје. Се почувствуваа и туристичките области во Мексико, како што се Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум.
Во тие области беа активирани итни протоколи, иако гувернерите на сојузните држави Јукатан и Кинтана Ру преку социјалните мрежи информираа дека нема штета. Треперењето беше забележано и во Дизни Ворлд во Орландо.
🫨 DID YOU FEEL IT?: Magnitude 6.1 earthquake strikes off the northwest coast of Cuba with reports of shaking felt as far north as Orlando, Florida. Stay with FOX Weather for the latest: pic.twitter.com/BtjKjPxmDv
— FOX Weather (@foxweather) June 8, 2026