Дома Фудбал Алегри е новиот тренер на Наполи!

Алегри е новиот тренер на Наполи!

Наполи експресно најде замена за Антонио Конте! Новиот тренер на клубот од стадионот „Дијего Армандо Марадона“ ќе биде Масимилијано Алегри, пренесува Фабрицио Романо, кој со својата позната фраза „Here we go“ потврди дека договорот е практично завршен.

Како што наведува познатиот фудбалски инсајдер, Алегри ги прифати сите услови на Наполи и наскоро официјално ќе потпише двегодишен договор со клубот од Неапол.

Со тоа Алегри многу брзо се враќа на работа по разделбата со Милан, иако неговата последна епизода на „Сан Сиро“ не остави впечаток каков што се очекуваше. Сепак, и покрај критиките и фактот што во последните години не успеваше да ги повтори најголемите успеси од претходниот период на кариерата, искусниот стручњак повторно доби шанса во еден од најголемите италијански клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед мора итно да го менува дресот, ги прекршил правилата во Премиер лигата

Манчестер јунајтед не само што го започна сезоната со пораз од Хал Сити, туку исто така на…