Дома Фудбал Артета: Се прашував дали сум доволно добар за да ги однесам овие фудбалери до голем трофеј

Артета: Се прашував дали сум доволно добар за да ги однесам овие фудбалери до голем трофеј

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека дури сега осознал колку е важно и големо она што го постигнале со освојувањето на титулата во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Топџиите“ официјално го освоија првиот шампионски трофеј на Англија по 22 години во вторникот, кога нивниот главен конкурент Манчестер Сити одигра нерешено како гостин против Борнемут, оставајќи ја разликата меѓу двата тима четири бодови, едно коло пред крајот.

„Почетокот беше тежок. Кога ќе изградиш клуб и дојдеш до ситуација каде што останува само да почнеш да победуваш, а разликата до врвот е толку мала. Не е лесно да се игра секоја недела со тој товар. Ги помнам разговорите што ги водевме на почетокот на сезоната во септември и октомври, како сè ќе заврши ако не победиме, а остануваа осум или девет месеци за играње. Затоа сум горд. Не само што победивме, туку и како стигнавме до успехот. Покажавме важни вредности не само во спортот, туку и во животот. Покажавме издржливост, останавме ладнокрвни кога требаше и кога се сомневаа во нас. Секако, си го поставував прашањето дали сум доволно добар за да ги однесам овие играчи до голем трофеј. Никогаш не си сигурен додека не го направиш тоа. Треба да останеш скромен, љубопитен и да продолжиш да се развиваш. Последните неколку години бевме многу блиску, но овојпат успеавме да победиме. Сега фудбалерите се гладни за уште и ни претстои најголемиот натпревар во Будимпешта“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната најголемата желба на Мурињо

Една од најголемите желби на Жозе Мурињо по враќањето во Реал Мадрид е ангажманот на Душан…