Дома Фудбал Седлоски утре го објавува списокот за двата натпревари на Македонија!

Седлоски утре го објавува списокот за двата натпревари на Македонија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, утре ќе го соопшти списокот на повикани фудбалери за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со овие контролни средби македонскиот национален тим ќе ги започне подготовките за следниот циклус предизвици, а стручниот штаб ќе има можност да ја оцени моменталната форма на репрезентативците, но и да испроба нови тактички варијанти и решенија во составот.

Прес-конференцијата на која Седлоски ќе ги објави повиканите играчи е закажана за 21 мај во 12 часот, во прес-центарот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се очекува селекторот да говори и за планот на подготовките, здравствениот билтен и формата на фудбалерите, како и за очекувањата од гостувањата во Сараево и Истанбул.

Контролните дуели против Босна и Херцеговина и Турција ќе бидат важна проверка за македонската репрезентација пред следните официјални натпревари, а двата меча ќе се играат на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Газдите го „одврзаа ќесето“ – сериозни бонуси за фудбалерите на Арсенал

Арсенал е шампион на Премиер лигата. Реченица која не можеше да се чуе повеќе од 20 години…