
Атлетико од Мадрид го одреди левиот бек на Челси, Марк Кукурелја, како едно од главните засилувања за летниот преоден рок, бидејќи спортскиот директор Матео Алемани сака дополнително да ја зајакне дефанзивната линија на тимот пред следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот репрезентативец, кој има уште две години договор со лондонскиот клуб, наводно е подготвен да го разгледа враќањето во Ла Лига, што дополнително го поттикна интересот на мадридскиот клуб.
Во Атлетико веруваат дека 27-годишниот бек би претставувал значително подобрување на левата страна на одбраната.
Паралелно со потрагата по дефанзивно засилување, клубот од Метрополитано е блиску до договор и за доаѓањето на играчот од средината на теренот на Вулверхемптон, Жоао Гомес.
Според британските медиуми, Атлетико постигна начелен договор за трансфер на бразилскиот фудбалер вреден околу 45.000.000 евра.