Дома Останати Кошарка Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на македонската Суперлига, каде што ќе ја има улогата на фаворит против пријатното изненадување сезонава, КК Маџари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Битолчани прикажаа солидно издание во првото полувреме и долго време беа рамноправен ривал, па на паузата резултатот беше изедначен – 37-37. Сепак, продолжението донесе целосна доминација на „металците“.

Кошаркарите предводени од тренерот Васко Атанасов одиграа одлична трета четвртина и токму во тој период практично го решија победникот. Домашниот тим беше агресивен во одбраната, ги затвори сите приоди кон кошот и истовремено беше ефикасен во нападот. Пелистер во девет минути од третата делница постигна само три поени, што се покажа како пресуден момент на средбата.

Со предност од 24 поени пред стартот на последната четвртина, МЗТ рутински го приведе натпреварот до крај, додека гостите од Битола немаа одговор на високото темпо на домаќините.

Најефикасен во победничкиот состав беше Марин Петков со 23 поени, додека кај Пелистер по десет поени запишаа Кевин Дејвис и Лангстон Вилсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е крајот? Леброн Џејмс зборуваше за пензија

Леброн Џејмс, по елиминацијата на неговиот Лос Анџелес Лејкерс од страна на Оклахома Сити …