
Легендарниот голман на минхенски Баерн, Мануел Ноер, нема намера наскоро да се повлече од фудбалските терени. Иако неодамна го одбележа својот 40-ти роденден, овој германски чувар на мрежата постигна договор со Баварците за продолжување на соработката за уште една сезона, односно до летото 2027 година.
Според информациите објавени од Фабрицио Романо и реномираниот Скај Спорт, Нојер и раководството на Баерн имаат целосен договор околу новиот договор. За да остане на Алианц Арена, искусниот капитен мораше да прифати значително намалување на својата плата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Досега, Нојер заработуваше околу 20 милиони евра бруто по сезона со вклучени бонуси, а според новите услови тој прифати финансиски компромис за да помогне на клубот во олеснување на буџетот.
Официјалното потпишување и финализирање на овој договор се очекува веќе до сабота, кога Баерн го игра последниот натпревар во Бундеслигата против Келн. Потврдата би можела да следи околу прославата на шампионската титула, што би бил совршен подарок за навивачите на Баварците.
Ноер, кој во Баерн пристигна од Шалке далечната 2011 година, е апсолутна икона на клубот со речиси 600 настапи. Иако раководството на Баерн активно се подготвува за иднината со талентираниот млад голман Јонас Урбиг, кој ќе се развива учејќи од еден од најдобрите во историјата.
Тренерот на Баерн, Винсент Компани, лично инсистираше на продолжување на договорот бидејќи Нојер и натаму се смета за клучен лидер на тимот, како на теренот, така и во соблекувалната.