Дома Фудбал Баерн блиску до спектакуларно засилување од 75 милиони евра!

Баерн блиску до спектакуларно засилување од 75 милиони евра!

Следната сезона Баерн ќе биде уште помоќен, бидејќи е блиску до големо засилување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите од англиските и германските медиуми, Баерн веќе ги договори личните услови со англискиот крилен играч Ентони Гордон, додека преговорите меѓу клубовите се уште се водат, бидејќи Њукасл бара околу 75 милиони фунти за неговиот потпис.

Баварците сметаат дека Гордон веднаш може да внесе брзина, продорност и ширина во нападот, со што го планираат како сериозно засилување за следната сезона во Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Иако Њукасл е упорен во преговорите, се повеќе извори наведуваат дека трансферот е се поблизу до финализирање, а Гордон може да стане едно од најголемите имења што летово ќе пристигне во Минхен.

Желбата на играчот не е спорна, тој договорил речиси се и ги прифатил условите кои ги постави Баерн, а сега се очекува да се постигне договор меѓу клубовите околу компензацијата.

Добрите игри на Гордон привлекоа внимание и во екипите од Премиер лигата, бидејќи оваа сезона постигна 17 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

Тимот на ПСЖ несомнено е најсилниот во Европа во изминатата година, имајќи предвид дека ст…