
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез во вторникот навечер остро настапи против медиумите и Ла Лига, којa ја нарече „наш непријател“, и искажа сериозни обвинувања кон судиите. Во својот настап, аферата Негреира ја нарече „најголем скандал во историјата на фудбалот” и изрази незадоволство што случајот сè уште не е решен.
„Освоив само седум титули шампиони од Ла Лига со Реал Мадрид!? Требаше да имам 14. Останатите седум ми ги украдоа”, изјави огорчено Перез откако „Кралевите” со поразот од 2:0 во неделното Ел Класико математички му го препуштија шампионскиот трофеј на Барселона.
Според Перез, заостанувањето на Реал Мадрид од 14 бодови, три кола пред крајот на првенството, не е последица на формата на неговиот тим, туку на судиските одлуки. „Судиите ни украдоа 18 бодови во Ла Лига”, вели тој.