Дома Фудбал Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид иако многу навивачи на кралскиот клуб сакаат да го видат како го напушта тимот. Флорентино Перез нема да дозволи негово заминување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Килијан Мбапе се најде под силен притисок од навивачите на Реал Мадрид. Многумина го критикуваат, му свирепуваат на натпреварите, па дури и е покрената петиција за негово заминување од клубот.

Сепак, желбата нема да им се исполни. Флорентино Перез стави вето на заминувањето на Французинот. Сите можат да одат, освен него.

„Не постои никаква можност за Мбапе да го напушти Реал Мадрид летово,“ наведуваат извори блиски до кралскиот клуб и додаваат:

„Тој е најголемиот ризик во кариерата на Флорентино Перез и претседателот ќе продаде секој друг од тимот освен него. Глупост е да се зборува за заминување.“

Па така, Мбапе е недопирлив во овој тим на Реал. Залудни се желбите на навивачите кои се разочарани по две години без трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пepeз: Трeбaшe дa имам 14 титули од Ла Лига со Реал, но седум титули ми ги украдоа

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез во вторникот навечер остро настапи против ме…