
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, освен на теренот, честопати ги привлекува погледите и надвор од него. Овој 41-годишен играч е познат не само по феноменалниот број голови (971) туку и по својата страст кон луксузните автомобили.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сега својата импресивна збирка ја збогати со спектакуларен, единствен модел што го инспирира неговиот сегашен клуб, саудискиот Ал-Наср.
Станува збор за специјално модификуван Mercedes-AMG G63 Cabriolet, екстремно редок модел прилагоден за фудбалерот од компанијата Refined Marques. Оваа ограничена серија брои само 20 примероци произведени во целиот свет.
Овој теренец има мек покрив, нешто навистина ретко за масивни SUV-возила, а особен е и по невообичаените задни врати што се отвораат наназад за полесен пристап. Иако стандардната “Г-Класа” е веќе луксузно возило, вредноста на оваа специјално дизјанирана верзија се проценува на неверојатни 1.32 милиони долари.
Она што го прави овој автомобил уште по посебен за Роналдо се персонализираните естетски додатоци. Возилото е обојано во препознатливите жолти и сини бои на Ал-Наср, додека на праговите на вратите стојат специјални плочки со неговите иницијали и бројот на дресот – “CR7”.
🚨 𝗡𝗘𝗪: Cristiano Ronaldo added one of the “world’s most expensive” purchases to his car collection, inspired by Al Nassr. It costs $1.32m.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) May 5, 2026
— @marca pic.twitter.com/UL2GM6lqjo