
Напаѓачот на Ал Наср Кристијано Роналдо зборуваше за крајот на својата кариера по натпреварот на кој го постигна својот 970. гол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот има 41 година, а во едно кратко интервју навести дека неговата кариера се ближи кон крајот.
„Крајот на мојата кариера е блиску, да уживаме во секој натпревар. Продолжувам да играм не само за оваа генерација, туку и за претходната и онаа која доаѓа. Уживам во тоа од ден на ден, натпревар за натпревар, година по година, иако крајот е блиску. Тоа е факт“, рече Роналдо.