„Кинеската епизода“ на Карлос Тевез се заврши за само една година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во летото 2015 година Карлос Тевез направи „хаос“ во Јувентус и бараше клубот да го пушти во родната Аргентина во редовите на Бока Јуниорс…
Но, кога за неговите услуги интерес покажа кинескиот клуб Шангај Шенуоха, Тевез ја прифати неверојатната понуда од 634 илјади евра неделно и стана најплатениот фудбалер на светот со годишна заработка од 33 милиони фунти.
Тевез лошо се покажа во Кина, често пати беше повреден, а кога играше не беше убедлив како што очекуваа Кинезите, па тој одигра 16 натпревари постигна четири погодоци и забележа пет асистенции.
Имаше проблеми и со тренерот, не му се допаѓаше тоа што е далеку од својот дом, а носталгијата беше посилна од платата, па одлучи повторно да издејствува враќање во Аргентина, иако и Шангај нема ништо против тоа, па наводно Бока веќе се договорила за негово враќање.
Како што пренесува „Л’Екип“ Бока за Тевез ќе плати оштета од пет милиони евра што е двојно помалку од сумата за која тој замина во Кина.
Освен за Бока и Шангај 32 годишниот напаѓач настапуваше за Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.