
Тренерот Винсент Компани врши извонредна работа во Бајерн. Со Баварците веќе обезбеди 35-та титула во Бундеслигата, ќе игра финале во Купот, а и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно, услугите на Компани се барани и надвор од теренот, но Белгиецот очигледно ги одби сите понуди.
Доби и понуди за стручна работа за време на претстојното Светско првенство. Обично вакви тренери и експерти со задоволство ги прифаќаат, но не и Компани.
Како што известува британскиот новинар Мајк Киген од „Дејли Мејл“, „неколку“ англиски телевизиски станици побараа од тренерот на Баерн да биде достапен за турнирот во САД, Канада и Мексико, но Белгиецот ги одби.