
Реал Мадрид беше елиминиран од Лигата на шампиони, а повторно „кралевите“ направија вистински „шоу“ по натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Беа многу незадоволни со судењето, поточно фактот што Славен Винчиќ покажа црвен картон на Камавинга во 86-тата минута од натпреварот.
Жестоко протестираа кај судијата по натпреварот, а Винчиќ поради сето тоа покажа директен црвен картон на Арда Гулер.
Жестоки беа и коментарите на Алваро Арбелоа по натпреварот, кој имаше што да приговори на судијата од Словенија.
Ништо помалку фрустриран не беше ни Винсент Компани и покрај фактот што неговиот тим избори место во полуфиналето на Лигата на шампиони.
„Секогаш се трудам да бидам полн со почит и така бев и тука. Нормално е да кажам нешто тогаш. Нашиот играч лежи на земја, а тој му дава речиси “пет”. Го сакам Рудигер како дефанзивец, би направил потполно исто. Се разбираме, но сосема е нормално да кажам нешто. Жолтиот картон дојде пребрзо за мене.”
Компани исто така имаше што да им порача и на играчите на Реал Мадрид, и на нивниот тренер кои беа лути поради црвениот картон.
„Дали се лути во Реал Мадрид поради црвениот картон? Што да коментирам? Ако го гледавте натпреварот тогаш можеме да зборуваме и за други инциденти кои се случија,” рече тој.