Дома Фудбал Рој Кин со жестока критика: Керик не е вистинскиот тренер за Манчестер јунајтед!

Рој Кин со жестока критика: Керик не е вистинскиот тренер за Манчестер јунајтед!

Познатиот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, жестоко го критикуваше Мајкл Керик по поразот од Лидс.

Иако резултатот беше во сенка на одлуките на судиите, Рој Кин се занимаваше со играта на Јунајтед и вели дека таа е под секој просек.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кин и досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Керик, така што изгледа дека едвај чекаше да повторно „удри“.

„Како што кажав и претходно, и ќе продолжам да кажувам – Керик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, дека сето ова го кажувам од некои други причини, но што уште треба да видат сами? Имаа 24 дена да се подготват за натпреварот на „Олд Трафорд“ против Лидс и тоа е нивната игра? Средината на теренот не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога толку лошо ќе започнете натпревар, потоа е потешко тимот да се подигне и да се опорави. Јунајтед не изгледаше како тим што знае што мора да направи и да одговори на тоа. И кога ова го кажувам гласно, луѓето ми одговараат дека сум негативен. Не, јас само ја говорам вистината. Овој клуб бара стандарди, а моментално, тие стандарди се далеку под Мајкл Керик“, рече Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал се јави по болната елиминација: Родителите ме научија да го одржам зборот!

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се огласи по елиминацијата на Барселона од Лигата на…