
Рахим Стерлинг вредеше до 160 милиони, три и пол години по последното Светско првенство, се чини дека неговата кариера е блиску до крај. Не затоа што така планирал, туку поради тоа што неговото играчко ниво е драстично опаднато.
Минатата година во Челси го сметаа за „паразит“ кој сакаа што побрзо да го отстранат, и конечно успеаја да го продадат минатата зима. Денес е дел од екипата на Фејенорд, каде можеше да биде и лидер на тимот. Сепак, светските медиуми известуваат дека неговата физичка подготвеност е на недоволно ниво.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Новинарот на NOS, Арно Вермелен, смета дека Стерлинг се наоѓа на работ на својата кариера:
“Чуда не се случуваат. Не беше подготвен и очигледно го достигнал врвот. Не може да го издржи темпото. Кога се бара успех, тоа значи дека треба да се одлучи Стерлинг да не биде во почетната постава”, изјави тој.
Кенет Перез, клубскиот аналитичар, додаде:
“Ако играте со ваков стил на фудбал, Стерлинг не е ни меѓу првите 18 играчи. Јасно е дека се одлучиле за физички јак и тактички дисциплинирано лево крило, а Стерлинг во тој профил повеќе не се вклопува. Не може да трча, не може да победи во дуели, и затоа моментално не е ниту меѓу најдобрите 18”, рече Перез.