
Радикален план за спас на италијанскиот фудбал, сè со една цел – посилна репрезентација и повеќе млади играчи во Серија А.
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети понуди интересен и прилично радикален предлог за иднината на Серија А.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во желба да им се даде повеќе простор на младите играчи, Спалети смета дека би требало да се воведе правило кое би ја променило структурата на тимовите.
Идејата е едноставна, но бара напор – секој тим би морал да има најмалку еден играч до 19 години постојано на теренот.
Овој предлог доаѓа во време кога италијанскиот фудбал се соочува со критики заради недостатокот на млади таленти во најсилното натпреварување.
Серија А често се опишува како лига во која доминираат искусни играчи, додека младите тешко добиваат шанса.
Според многумина, тоа негативно влијае и на репрезентацијата на Италија, која пропушти последните големи натпреварувања.
Спалети смета дека таквиот тренд мора итно да се промени.
„Мораме да ги следиме талентите кои се раѓаат, а тие секогаш ќе се раѓаат. Еве што предлагам: што ако обврземе секој тим од Серија А да има секогаш еден играч помлад од 19 години на теренот?
Тоа би значело дека секој тим мора да има барем четири такви играчи во ротацијата. Тоа се вкупно 80 млади кои треба да се развиваат за да станат подобри“, изјави Спалети.